Деца со тротинети гаѓаат луѓе со балони, со камења во зоолошка, со ножеви се закануваат – „Ова мора да има граница“, алармира Стаменов
Борче Стаменов, познат по иницијативата „Донирај компјутер“, реагираше на сè почестите инциденти поврзани со однесувањето на младите, посочувајќи дека состојбата излегува од контрола и бара јасна граница.Тој сподели дека неодамна бил сведок на група деца на електрични тротинети, на возраст од околу 12 до 13 години, кои во рацете носеле балони полни со вода. Само ден подоцна, како што наведува, прочитал дека вакви групи гаѓале луѓе во автомобили и на мотори, при што постоела реална опасност од се...