73 медали за струмички „Шихан Про“ – прогласен за најдобар клуб на турнир во Србија
Карате клубот „Шихан Про“ од Струмица постигна извонреден успех на силниот меѓународен карате турнир што се одржа вчера во Власотинце, Србија освојувајќи вкупно 73 медали. Струмичките каратисти блеснаа на татамите и освоија 29 златни, 20 сребрени и 24 бронзени медали, потврдувајќи ја одличната подготовка, дисциплина и високата натпреварувачка форма. За овој импресивен резултат, на клубот му беше доделен и пехар за најдобар клуб на турнирот, како екипа со најголем број освоени медали, што претста...