Селективното зонско паркирање во Аеродром носи најави за блокади, жителите гневни: Ќе има хаос ако зонското важи само за Реонски центар
По најавите за воведување зонско паркирање, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, потврди дека од 1 април наплатата ќе започне, но само во Реонски центар, што предизвика реакции кај жителите на Ново Лисиче.Граѓаните предупредуваат дека ваквата селективна примена ќе го влоши и онака сериозниот проблем со паркирањето во нивната населба. Според нив, веќе сега е речиси невозможно да се најде слободно место, а воведувањето наплата во соседниот реон ќе го пренасочи дополнителниот притисок кон Но...