Академскиот независен синдикат предупредува: Новите закони го загрозуваат високото образование и автономијата на универзитетите
Независниот академски синдикат (НАкС) реагира на предложениот пакет закони за високо образование и наука, барајќи од Министерството за образование и наука (МОН) да го продолжи процесот на јавна дебата, со цел да се избегнат, како што велат, „непоправливи штети“ врз системот.„Во сите три предложени текста очигледно е нарушувањето на универзитетската автономија, преку одземање на надлежностите на независните тела и нивно префрлање на МОН. Овие законски решенија не овозможуваат доволна независност...