Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 11:22 часот во областа на Егејското Море, во близина на турскиот град Измир.
Според достапните податоци, епицентарот на потресот бил лоциран источно од Измир, а поради релативно малата длабочина, земјотресот можел да биде почувствуван во пошироката околина.
Податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар покажуваат дека хипоцентарот се наоѓал на длабочина од околу 7,5 километри под површината на земјата.
Во моментов нема информации за евентуална материјална штета или повредени лица.
The post Земјотрес од 3,7 степени регистриран во близина на Измир appeared first on Скопско ЕХО.