Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во сабота, 13 јуни, во 11:22 часот наутро во Егејското Море, во близина на Измир.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал источно од овој турски град.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 7,5 километри под површината на земјата.

Текстот Силен земјотрес во Егејско Море е превземен од А1он.