Володимир Зеленски побара дополнително ракетно вооружување за системите за противвоздушна одбрана на Украина за време на средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Лондон.
Како што објави Зеленски на платформата Икс, двајцата лидери разговарале и за заштитата на украинската енергетска инфраструктура, како и за подготовките на земјата за претстојната зима.
На состанокот во Даунинг стрит присуствуваа и францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц, а главна тема беше европската поддршка за Украина и можностите за завршување на војната.
The post Зеленски во Лондон: На Украина и е потребна дополнителна противвоздушна одбрана appeared first on Скопско ЕХО.