Патнички авион на „Виз ер“, кој сообраќал на линијата од Лондон до Софија, бил пренасочен кон Будимпешта по закана за бомба добиена за време на летот. Унгарски борбен авион „Грипен“ го придружувал леталото до безбедното слетување во Унгарија.Унгарскиот министер за одбрана Ромулус Русин-Сенди потврди дека по добиената закана била активирана итна процедура за воздушна одбрана на НАТО. Била издадена наредба за итно полетување, по што унгарскиот „Грипен“ за неколку минути се кренал во воздух и го пр