Хрватска порача дека решавањето на сите отворени билатерални прашања со Црна Гора е неопходен предуслов Подгорица успешно да ги заврши пристапните преговори со Европската Унија.Од хрватското Министерство за надворешни работи соопштија дека ставовите на Загреб се јасни и дека очекуваат решенија за повеќе прашања, меѓу кои се обештетување на поранешните затвореници во логорите, продолжување на потрагата по 14 исчезнати лица од периодот на Војната за независност, како и процесуирање на одговорните