Новата фестивалска недела на „Охридско лето“ започна со солистички концерт на младата македонска пијанистка Горјана Стојановска која со своето музицирање ја воодушеви публиката во црквата „Света Софија“.Вечерта на пијано започна со прекрасната изведба на Баховото Капричо „На заминување на најмилиот брат“  а  потоа следуваa и шесте ставови на  позната музичка свита од францускиот композитор Морис Равел„Гробот на Купрeн“.  Љубителите на класичната музика  проследија и импресивна изведба  на две пи