Јужна Кореја ги освои првите бодови на Светското првенство 2026 откако со голем пресврт ја победи Чешка со 2:1 во натпревар полн со возбудувања и неизвесност до самиот крај во Гвадалахара.Корејците имаа иницијатива и создадоа повеќе шанси, но долго не успеваа да најдат пат до мрежата. Најмногу се истакна Хеунг-мин Сон, кој пропушти неколку одлични можности, а во 57. минута неговиот удар го запре чешкиот голман Матеј Ковар.И покрај притисокот на азиската селекција, Чешка прва стигна до водство. Во 59. минута, по долг аут на Владимир Куфал, Ладислав Крејчи најдобро се снајде во шеснаесетникот и со удар со глава погоди за 1:0.Одговорот на Јужна Кореја следуваше во 67. минута, кога Ин-беом Хванг по асистенција на Канг-ин Ли со прецизен лоб-удар го совлада Ковар и израмни на 1:1.Решавачки се покажа потегот на корејскиот селектор, кој го внесе Хјеон-гју Ох на местото на Сон. Откако на Чешка ѝ беше поништен погодок на Томаш Соучек поради офсајд, Ох во 80. минута ја искористи асистенцијата од Хванг и ја донесе победата од 2:1.Во финишот Чесите имаа можност да избегнат пораз, но голманот Ким Сеунг-гју со извонредна интервенција ја сочува предноста и им ги обезбеди трите бода на Корејците.Претходно, домаќинот Мексико со 2:0 ја совлада Јужна Африка во воведниот натпревар од Групата А. Кињонес и Хименез беа стрелци за Мексиканците, а средбата ја одбележаа и три исклучувања.