Јужна Кореја стигна до важна победа на Светското првенство, откако со 2-1 ја совлада Чешка во натпревар од групата А, одигран во Гвадалахара.
Чешка поведе во 59. минута преку капитенот Ладислав Крејчи, кој погоди со удар со глава по нафрлување на Владимир Куфал од аут. Иако поведоа, Чесите не успеаја да ја задржат предноста.
Само осум минути подоцна, Јужна Кореја се врати во игра со погодокот на Хванг Ин-бом, кој постигна ефектен гол за израмнување 1-1.
Клучниот момент на натпреварот се случи во 80. минута кога Хванг Ин-бом учествуваше во акцијата, по што Ох Хјун-гуе ја искористи асистенцијата и го постигна победничкиот гол за 2-1.
Чешка во завршницата се обиде да израмни, а Томаш Соучек во 77. минута погоди, но голот беше поништен поради офсајд.
По овој резултат, групата А останува отворена, особено по победата на Мексико над Јужна Африка со 2-0 во првото коло.
The post Јужна Кореја со пресврт ја победи Чешка на Мундијалот appeared first on Прва Скопска ТВ.