Дел од жителите на Скопје денеска ќе останат без вода поради интервенции на водоводната мрежа, информираат од ЈП Водовод и канализација.
Прекин во водоснабдувањето од 8:00 часот има за корисниците на улиците „Булевар Крсте Мисирков“ и „Отокар Кершовани“, поради поправка на затворач со пречник од 300 милиметри. Водоснабдувањето ќе биде обновено по завршувањето на работните активности.
Од истото време без вода останаа и корисниците на Кеј „Димитар Влахов“, каде што се врши поправка на два затворачи со пречници од 600 и 300 милиметри.
Од претпријатието информираат дека прекините ќе траат до целосно завршување на интервенциите на терен.
The post Водовод најави прекин на водоснабдувањето во неколку делови од Скопје appeared first on Прва Скопска ТВ.