Дел од жителите на Скопје денеска ќе останат без вода поради интервенции на водоводната мрежа, информираат од ЈП Водовод и канализација.

Прекин во водоснабдувањето од 8:00 часот има за корисниците на улиците „Булевар Крсте Мисирков“ и „Отокар Кершовани“, поради поправка на затворач со пречник од 300 милиметри. Водоснабдувањето ќе биде обновено по завршувањето на работните активности.

Од истото време без вода останаа и корисниците на Кеј „Димитар Влахов“, каде што се врши поправка на два затворачи со пречници од 600 и 300 милиметри.

Од претпријатието информираат дека прекините ќе траат до целосно завршување на интервенциите на терен.

The post Без вода делови од Скопје: Прекини на повеќе улици поради дефекти appeared first on Скопско ЕХО.