ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и денеска разменија обвинувања околу одговорноста за случајот со загадената вода во Гостивар, во кој повеќе од 3.000 граѓани побараа лекарска помош.
Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека СДС, ДУИ и Арбен Таравари применуваат двојни стандарди затоа што, според нив, не бараат одговорност од
градоначалникот Валбон Лимани, кој изјави дека не чувствува вина за случајот.
Партијата ги повика да се изјаснат дали го поддржуваат неговиот став или ќе побараат отчетност од одговорните.
Од СДСМ, пак, оценија дека институциите и здравствениот систем целосно потфрлиле во заштитата на јавното здравје и побараа целосно расчистување на случајот.
Според опозициската партија, загадувањето започнало на 25 јуни, а надлежните не реагирале навреме и не ја информирале јавноста соодветно и затоа побараа оставки од министерот за здравство, директорката на Институтот за јавно здравје, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство и од други надлежни лица.
Двете партии се согласуваат дека случајот мора целосно да се истражи, но меѓусебно се обвинуваат за политичка одговорност и за начинот на кој институциите реагирале.
The post ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со меѓусебни обвинувања за случајот со затруена вода во Гостивар appeared first on Скопско ЕХО.