Жители на Богданци, Гевгелија и околните населени места вечерва се собраа во Градскиот парк во Богданци на мирен протест во спомен на 17-годишната Билјана Кириќ, која беше убиена пред три дена.Со запалени свеќи, положено цвеќе и транспаренти со пораките „Стоп за фемицидот“, „Гласни против насилството“ и „Молкот е соучесништво, одбивам да молчам!!!“, присутните повикаа на прекинување на насилството врз жените и поголема одговорност од институциите. На собирот беа и соученици, пријатели и сограѓан