Силно невреме проследено со поројни дождови попладнево ги погоди Охрид и Струга, предизвикувајќи прекин во снабдувањето со електрична енергија и проблеми на повеќе улици.Според неофицијални информации, причината за прекинот на струјата е дефект поврзан со електроенергетскиот систем на МЕПСО. Од „Скопје1“ стапивме во контакт со службата за односи со јавноста на компанијата, од каде очекуваме официјални информации за причините и обемот на дефектот.Во меѓувреме, поројниот дожд предизвика поплавување на повеќе улици и сообраќајници во Охрид, а на терен интервенираат екипи на јавните претпријатија и службите на Општина Охрид.Надлежните работат на санирање на последиците од невремето и нормализирање на состојбата, додека граѓаните на социјалните мрежи споделуваат фотографии и видеа од поплавени улици.(Видео) Силно невреме во Охрид и Струга: Снема струја, поплавени улици
Силно невреме проследено со поројни дождови попладнево ги погоди Охрид и Струга, предизвикувајќи прекин во снабдувањето со електрична енергија и проблеми на повеќе улици.Според неофицијални информации, причината за прекинот на струјата е дефект поврзан со електроенергетскиот систем на МЕПСО. Од „Скопје1“ стапивме во контакт со службата за односи со јавноста на компанијата, од каде очекуваме официјални информации за причините и обемот на дефектот.Во меѓувреме, поројниот дожд предизвика поплавувањ...
Силно невреме проследено со поројни дождови попладнево ги погоди Охрид и Струга, предизвикувајќи прекин во снабдувањето со електрична енергија и проблеми на повеќе улици.Според неофицијални информации, причината за прекинот на струјата е дефект поврзан со електроенергетскиот систем на МЕПСО. Од „Скопје1“ стапивме во контакт со службата за односи со јавноста на компанијата, од каде очекуваме официјални информации за причините и обемот на дефектот.Во меѓувреме, поројниот дожд предизвика поплавување на повеќе улици и сообраќајници во Охрид, а на терен интервенираат екипи на јавните претпријатија и службите на Општина Охрид.Надлежните работат на санирање на последиците од невремето и нормализирање на состојбата, додека граѓаните на социјалните мрежи споделуваат фотографии и видеа од поплавени улици.