Снимка од моментот на уривањето на воен хеликоптер на Еуфор во Босна и Херцеговина се појави на социјалните мрежи. Несреќата се случила попладнево во Горица, во близина на Брчко, при што загинале четири лица, а 11 биле повредени.На видеото се гледа леталото непосредно пред падот. Според очевидци, хеликоптерот почнал неконтролирано да се врти во воздухот, по што се урнал на земја. Снимката ја објави и босанскохерцеговскиот весник „Дневни аваз“.Градоначалникот на Брчко, Синиша Милиќ, потврдил дека