Капитенот на колумбиската фудбалска репрезентација, Хамес Родригез, се најде во центарот на вниманието пред почетокот на Светското првенство, откако на социјалните мрежи се прошири видео од испраќањето на националниот тим во САД.На снимката се гледа како Антонела, ќерката на колумбискиот претседател Густаво Петро, се поздравува со репрезентативците. Меѓутоа, кога му подала рака на Родригез, тој само ја погледнал и продолжил понатаму без да се поздрави.Видеото предизвика бројни реакции во Колумбија. Дел од јавноста смета дека станува збор за непристоен потег кон дете и навивач на репрезентацијата, додека други го бранат фудбалерот, оценувајќи дека не бил должен да се поздравува со членови на политички семејства.На социјалните мрежи се појавија бројни коментари, од критики за однесувањето на капитенот до пораки на поддршка за неговиот став.Колумбија на претстојното Светско првенство ќе настапи во група со Узбекистан, Конго и Португалија.(Видео) Родригез ја налути нацијата пред Светското првенство – ја игнорирал ќерката на колумбискиот претседател
Капитенот на колумбиската фудбалска репрезентација, Хамес Родригез, се најде во центарот на вниманието пред почетокот на Светското првенство, откако на социјалните мрежи се прошири видео од испраќањето на националниот тим во САД.На снимката се гледа како Антонела, ќерката на колумбискиот претседател Густаво Петро, се поздравува со репрезентативците. Меѓутоа, кога му подала рака на Родригез, тој само ја погледнал и продолжил понатаму без да се поздрави.Видеото предизвика бројни реакции во Колумби...
Капитенот на колумбиската фудбалска репрезентација, Хамес Родригез, се најде во центарот на вниманието пред почетокот на Светското првенство, откако на социјалните мрежи се прошири видео од испраќањето на националниот тим во САД.На снимката се гледа како Антонела, ќерката на колумбискиот претседател Густаво Петро, се поздравува со репрезентативците. Меѓутоа, кога му подала рака на Родригез, тој само ја погледнал и продолжил понатаму без да се поздрави.Видеото предизвика бројни реакции во Колумбија. Дел од јавноста смета дека станува збор за непристоен потег кон дете и навивач на репрезентацијата, додека други го бранат фудбалерот, оценувајќи дека не бил должен да се поздравува со членови на политички семејства.На социјалните мрежи се појавија бројни коментари, од критики за однесувањето на капитенот до пораки на поддршка за неговиот став.Колумбија на претстојното Светско првенство ќе настапи во група со Узбекистан, Конго и Португалија.