Камерниот оркестар на Националната опера и балет вечерва ќе има концерт на програмата на 66.„Охридско лето“.  Македонските уметници ќе настапат во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот, под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска.Камерниот оркестар на Националната опера и балет е формиран во 2010 година и е составен од истакнати музичари и солисти на Оркестарот на НОБ, под уметничко водство на маестро Саша Николовски-Ѓумар, подоцна под диригентската палка на маестро Џанлука Марти