Денес почнуваат уписите во јавните средни училишта за учебната 2026-2027 година. Од Министерството за образование информираа дек пријавување како и во изминатите години е електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде што учениците се најавуваат со веќе постоечките кориснички сметки на schools.mk.

-Првото пријавување на учениците во јунскиот уписен рок ќе се врши од денес до 15 јуни, а доставувањето на потребната документација до училиштата е на 16 и 17 јуни. Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, училиштата треба да ја објават на 18 јуни, соопшти МОН.

Оние ученици кои нема да се запишат сега, ќе може да конкурираат на торото пријавување во јунскиот уписен рок, кој е на 23 јуни.

-Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 24 јуни. Третото пријавување е на 20 август, соопшти МОН

Конкурсот со слободните места и јавните средни училишта учениците можат да го најдат на линк на интернет страницата на МОН.

-За учениците од голема помош при изборот, може да биде онлајн водичот за квалификации – https://kvalifikacii.crso.gov.mk/ , кој ќе им овозможи да донесат информирана и правилна одлука за струката во која ќе продолжат да се едуцираат и понатаму да работат, соопшти МОН.