Од денеска започна првиот уписен рок за запишување ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година.
Полуматурантите ќе можат да се пријавуваат електронски преку порталот Uslugi.gov.mk, со најава преку сопствените кориснички сметки на schools.mk, по што ќе треба да ја достават потребната документација во училиштето во кое конкурираат.
Според Конкурсот на Министерството за образование и наука, првото електронско пријавување трае од 12 до 15 јуни. Вториот термин за електронско пријавување во јунскиот уписен рок е закажан за 23 јуни, додека во августовскиот рок ќе има едно пријавување, на 20 август.
За учебната 2026/2027 година се обезбедени над 25.000 слободни места во 109 јавни средни училишта низ државата. Најголем дел од нив, повеќе од 17.000 места, се предвидени за стручно образование, додека речиси 6.000 места се во гимназиското образование. Во уметничките училишта се достапни околу 570 слободни места.
Надлежните апелираат учениците навремено да ги поднесат пријавите и потребната документација за да го обезбедат своето место во посакуваното средно училиште.
The post Почна уписот во средните училишта: Достапни над 25.000 слободни места appeared first on Скопско ЕХО.