Украинските сили во текот на ноќта извршија напади врз цели длабоко на руска територија, при што е погодена нафтена рафинерија во Самара и производствен комплекс во Чебоксари. Според руски и украински извори, по нападот со дронови избувнал пожар во рафинеријата „Кујбишевски“, која се наоѓа на околу 800 километри од украинската граница.
Во Чебоксари, главниот град на Чувашија, бил погоден истражувачко-производствен комплекс кој, според украинското разузнавање, произведува компоненти за руските дронови „Орион“ и ракетите „Искандер“.
Украинската армија последните месеци редовно напаѓа воена и енергетска инфраструктура длабоко во Русија со цел да ги намали руските воени капацитети.
Претходно беа извршени напади и врз мостот кај Чонхар, кој го поврзува окупираниот Крим со јужна Украина, како и врз складиште за нафта на Крим.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна потврди и напад врз нафтениот терминал во Санкт Петербург за време на одржувањето на Меѓународниот економски форум во градот.
The post Украина нападна цели длабоко во Русија, погодени рефинерија и воен погон appeared first on Прва Скопска ТВ.