СВР Струмица, до ОЈО Струмица, поднесе кривична пријава против 41-годишен струмичанец поради постоење на основано сомневање дека сторил кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „тешки дела против општата сигурност“
Според МВР, пријавениот на 25 јули околу 22:00 часот и на 26 јули околу 01:00 часот во Струмица, подметнал пожари на трактор сопственост на струмичанец како и на патничко возило „киа“, кои по интервенција на Територијалната противпожарна едница Струмица се изгасени, а повредени лица нема.
Пријавениот е лишен од слобода, судија од Основен суд Струмица, му определи мерка притвор во траење од 30 дена.
The post Уапсен струмичанец осомничен дека подметнал пожар на две возила appeared first on Скопско ЕХО.