СВР Струмица, до ОЈО Струмица, поднесе кривична пријава против 41-годишен струмичанец поради постоење на основано сомневање дека сторил кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „тешки дела против општата сигурност“
Според МВР, пријавениот на 25 јули околу 22:00 часот и на 26 јули околу 01:00 часот во Струмица, подметнал пожари на трактор сопственост на струмичанец како и на патничко возило „киа“, кои по интервенција на Територијалната противпожарна едница Струмица се изгасени, а повредени лица нема.
Пријавениот е лишен од слобода, судија од Основен суд Струмица, му определи мерка притвор во траење од 30 дена.
The post Струмичанец во притвор поради подметнување пожар: Запалил трактор и патничко возило appeared first on Прва Скопска ТВ.