Четириесет и петгодишен жител на Струга е приведен откако под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна незгода на регионалниот пат кај селото Калишта. Според МВР, при извршениот увид било утврдено дека возачот имал 2,56 промили алкохол во крвта.
По наредба на јавен обвинител, возилото му е одземено. По целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило.
The post Стружанец со 2,56 примили алкохол направил сообраќајка, полицијата му го одзела возилото appeared first on Скопско ЕХО.