Четириесет и петгодишен жител на Струга е приведен откако под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна незгода на регионалниот пат кај селото Калишта. Според МВР, при извршениот увид било утврдено дека возачот имал 2,56 промили алкохол во крвта.

По наредба на јавен обвинител, возилото му е одземено. По целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило.

The post Приведен возач со 2,56 промили алкохол по сообраќајка кај Калишта appeared first on Прва Скопска ТВ.