Четири лица загинаа, а околу 15 се повредени во руските воздушни напади врз Харковската област во источна Украина.

Нападите се случуваат по посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Лондон, каде со лидерите на Велика Британија, Франција и Германија разговараше за понатамошната поддршка за Украина.

Според податоците на Обединетите нации, од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година загинале најмалку 15.850 цивили, а повеќе од 44.800 се повредени.

The post Според податоците на ОН во Украина досега загинале најмалку 15.850 цивили, а повеќе од 44.500 биле повредени appeared first on Скопско ЕХО.