Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност нè очекува денеска, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утринските температури ќе се движат од 11 до 21 степен Целзиусов, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 31 до 38 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде околу 18 степени, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Според прогнозата на УХМР, под влијание на топол бран, и во следните денови ќе продолжи периодот на стабилно, сончево и многу топло време. Највисоки температури се очекуваат во првата декада од август, кога во одделни региони во земјава температурата локално може да достигне и до 40 степени.
The post Сончево и жешко време денеска, УХМР најавува уште повисоки температури appeared first on Скопско ЕХО.