Денеска во Македонија ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој во западните делови повремено ќе засилува и ќе биде од западен правец, додека долж Повардарието ќе дува ветер од југоисток.

Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, а максималните дневни ќе достигнат од 28 до 35 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до околу 12 степени, додека преку ден ќе достигне до 32 степени.

The post Летно време низ Македонија, сонце и температури до 35 степени appeared first on Скопско ЕХО.