
Прво загадена вода за пиење во Гостивар, Валандово, Лешок, Крушево и Пласница. Дури и во болница немаше безбедна вода. Сега бела пена тече низ реката Лепенец во Скопје. Пената изгледа како да е синтетичка. Видливиот доказ за загадување што се излива директно во реката, токму таму каде што Лепенец се влева во Вардар, соопштија од СДСМ вечерва.
Ова веќе не е инцидент. Ова е системски колапс на институциите под команда на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО.
Додека тие отвораат базени, менуваат министри и обвинуваат за „дезинформации“, реките се полнат со пена, а граѓаните не смеат да ја пијат водата од чешма. Мицкоски ја труе Македонија. Буквално, додаваат од Бихаќка.