Опозициската СДСМ денеска обвини дека институциите не успеваат да се справат со, како што велат, сериозните еколошки проблеми во земјата, откако во реката Лепенец во Скопје беше забележана бела пена.Од партијата посочуваат дека претходно имало случаи на загадена вода за пиење во повеќе општини, а сега, според нив, загадувањето е видливо и во Лепенец, непосредно пред влевањето на реката во Вардар.„Пената изгледа како да е синтетичка. Ова веќе не е инцидент, туку системски колапс на институциите“,