Фекални бактерии во чешмите на Рич и Белотино. По седум градови. По белата пена во Лепенец и Вардар. Сега и овие села. Изгледа дека во Македонија веќе нема место со чиста вода, велат од СДСМ.0

– Затоа Мицкоски и Клековски немаат потпишан документ ни за Гостивар. Затоа кријат кој ставил печат и кој гарантира. Кога водата е загадена насекаде од Гостивар до Струмица – повеќе никој нема право да бара доверба без документи, без потпис и без одговорност. Граѓаните бараат една едноставна работа: чиста вода и име на оној што гарантира дека е чиста. Сè друго е игра со здравјето на луѓето, тврдат од партијата.

Текстот СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода е превземен од А1он.