Опозициската СДСМ обвини дека апликацијата „Мој ДДВ“ веќе пет дена не функционира целосно, поради што граѓаните не можат да скенираат фискални сметки и да го остварат правото на поврат на дел од данокот на додадена вредност.Од партијата велат дека и покрај најавите дека системот повторно е ставен во функција, граѓаните и натаму се соочуваат со бројни проблеми при користењето на апликацијата.„Со денови граѓаните не можат да скенираат фискални сметки и да си ги вратат дел од парите од ДДВ токму во периодот кога тоа најмногу го прават“, наведуваат од СДСМ.Според опозициската партија, проблемите со функционирањето на „Мој ДДВ“ не се случајни, туку се последица на, како што тврдат, празната државна каса и неспособноста на Владата да ги сервисира обврските кон граѓаните.„Со тоа што системот не работи, Владата едноставно нема да исплати дел од ДДВ-то што инаку би требало да им го врати на граѓаните“, обвинуваат од СДСМ.Од партијата оценуваат дека нефункционалноста на апликацијата е уште еден доказ за, како што велат, лошото управување со јавните финансии, обвинувајќи ја Владата дека наместо реформи и грижа за граѓаните, нуди нефункционални системи и празни ветувања.„Граѓаните плаќаат ДДВ, но сега и тоа што им припаѓа назад – нема да го добијат“, порачуваат од СДСМ, додавајќи дека е потребно одговорно управување и итни реформи.СДСМ: „Мој ДДВ“ не работи затоа што нема пари во буџетот - граѓаните не можат да си ги вратат парите од ДДВ
Опозициската СДСМ обвини дека апликацијата „Мој ДДВ“ веќе пет дена не функционира целосно, поради што граѓаните не можат да скенираат фискални сметки и да го остварат правото на поврат на дел од данокот на додадена вредност.Од партијата велат дека и покрај најавите дека системот повторно е ставен во функција, граѓаните и натаму се соочуваат со бројни проблеми при користењето на апликацијата.„Со денови граѓаните не можат да скенираат фискални сметки и да си ги вратат дел од парите од ДДВ токму во...
Опозициската СДСМ обвини дека апликацијата „Мој ДДВ“ веќе пет дена не функционира целосно, поради што граѓаните не можат да скенираат фискални сметки и да го остварат правото на поврат на дел од данокот на додадена вредност.Од партијата велат дека и покрај најавите дека системот повторно е ставен во функција, граѓаните и натаму се соочуваат со бројни проблеми при користењето на апликацијата.„Со денови граѓаните не можат да скенираат фискални сметки и да си ги вратат дел од парите од ДДВ токму во периодот кога тоа најмногу го прават“, наведуваат од СДСМ.Според опозициската партија, проблемите со функционирањето на „Мој ДДВ“ не се случајни, туку се последица на, како што тврдат, празната државна каса и неспособноста на Владата да ги сервисира обврските кон граѓаните.„Со тоа што системот не работи, Владата едноставно нема да исплати дел од ДДВ-то што инаку би требало да им го врати на граѓаните“, обвинуваат од СДСМ.Од партијата оценуваат дека нефункционалноста на апликацијата е уште еден доказ за, како што велат, лошото управување со јавните финансии, обвинувајќи ја Владата дека наместо реформи и грижа за граѓаните, нуди нефункционални системи и празни ветувања.„Граѓаните плаќаат ДДВ, но сега и тоа што им припаѓа назад – нема да го добијат“, порачуваат од СДСМ, додавајќи дека е потребно одговорно управување и итни реформи.