Опозициската СДСМ обвини дека апликацијата „Мој ДДВ“ веќе пет дена не функционира целосно, поради што граѓаните не можат да скенираат фискални сметки и да го остварат правото на поврат на дел од данокот на додадена вредност.

Од партијата тврдат дека и покрај информациите дека системот повторно е ставен во функција, корисниците и натаму се соочуваат со проблеми при користењето на апликацијата.

Според СДСМ, нефункционалноста на системот доаѓа во период кога граѓаните најинтензивно ги користат можностите за поврат на дел од платениот данок преку скенирање на фискални сметки.

Од опозициската партија оценуваат дека проблемите не се случајни и ја обвинуваат Владата за неспособност да ги сервисира обврските кон граѓаните.

СДСМ тврди дека поради нефункционирањето на апликацијата, дел од средствата кои треба да им бидат вратени на граѓаните нема да бидат исплатени, а состојбата ја оценуваат како уште еден показател за лошо управување со јавните финансии.

Од партијата повикаа на итно решавање на проблемот и одговорно управување со институциите и јавните средства.

The post „Мој ДДВ“ не работи затоа што нема пари во буџетот, граѓаните не можат да си ги вратат парите од ДДВ, обвинуваат од СДСМ appeared first on Прва Скопска ТВ.