Руската надворешна разузнавачка служба (СВР) соопшти дека, дел од членките на НАТО изразиле загриженост поради германските нуклеарни истражувања.

Руската служба тврди дека практични експерименти се спроведуваат на шест истражувачки реактори во Германија и дека според проценки на воени експерти на НАТО, Германија би можела за релативно краток период да произведе фисибилен материјал и во рок од една година да изработи нуклеарна експлозивна направа, без целосен нуклеарен тест.

Овие тврдења не се потврдени од НАТО или од германските власти.

The post Руската разузнавачка служба тврди дека НАТО е загрижен за нуклеарните истражувања на Германија appeared first on Скопско ЕХО.