Руската надворешна разузнавачка служба (СВР) соопшти дека, според нејзини информации, дел од членките на НАТО изразиле загриженост поради германските нуклеарни истражувања. Според СВР, во истражувањата учествуваат околу 30 германски универзитети и научни институции, кои работат во области поврзани со нуклеарната физика, напредните материјали и физиката на ударни бранови.
Руската служба тврди дека практични експерименти се спроведуваат на шест истражувачки реактори во Германија. Во соопштението се наведува и дека германски одбранбени компании учествуваат во развој на високоенергетски експлозиви и електронски системи за детонација.
СВР тврди дека, според проценки на воени експерти на НАТО, Германија би можела за релативно краток период да произведе фисибилен материјал и во рок од една година да изработи нуклеарна експлозивна направа, без целосен нуклеарен тест. Овие тврдења не се потврдени од НАТО или од германските власти.
Германија е потписничка на Договорот за неширење на нуклеарно оружје, кој ѝ забранува развој и поседување нуклеарно оружје. Берлин, истовремено, учествува во програмата на НАТО за нуклеарно споделување, при што американското нуклеарно оружје останува под контрола на САД.
The post Руската разузнавачка служба тврди дека Германија развива нуклеарно оружје appeared first on Скопско ЕХО.