Германскиот канцелар Фридрих Мерц се соочува со сè поголем притисок по реконструкцијата на Владата, која предизвика незадоволство во неговата
ЦДУ.

Според последните анкети, десничарската Алтернатива за Германија за првпат има поголема поддршка од конзервативниот блок ЦДУ/ЦСУ.

Истражувањата покажуваат и дека работата на Мерц ја одобруваат само 15 проценти од испитаниците.

Политичките аналитичари предупредуваат дека септемвриските покраински избори ќе бидат сериозен тест за неговото лидерство.

АфД се надева дека ќе ја освои првата покраинска власт во својата историја.

The post Расте притисокот врз германскиот канцелар Фридрих Мерц, има поддршка од едвај 15 отсто од Германците appeared first on Прва Скопска ТВ.