Германскиот канцелар Фридрих Мерц се соочува со сè поголем притисок по реконструкцијата на Владата, која предизвика незадоволство во неговата
ЦДУ.

Според последните анкети, десничарската Алтернатива за Германија за првпат има поголема поддршка од конзервативниот блок ЦДУ/ЦСУ.

Истражувањата покажуваат и дека работата на Мерц ја одобруваат само 15 проценти од испитаниците.

Политичките аналитичари предупредуваат дека септемвриските покраински избори ќе бидат сериозен тест за неговото лидерство.

АфД се надева дека ќе ја освои првата покраинска власт во својата историја.

The post Поддршката за Мерц драстично опаѓа, само 15 отсто Германци го поддржуваат appeared first on Скопско ЕХО.