Претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, синоќа пристигна во официјална посета на Македонија, а на скопскиот аеродром ја пречека министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Тој изјави дека посетата треба да ги потврди одличните билатерални односи и да даде нов поттик за политичката и економската соработка меѓу двете земји.
За време на посетата ќе се одржат средби со државниот врв, пленарен состанок на двете делегации и заедничка прес-конференција. Индиската претседателка ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев, ќе се обрати во Собранието и ќе присуствува на македонско-индиски бизнис форум.
Вториот ден од посетата е предвидена посета на Спомен-куќата на Мајка Тереза, откривање биста на Махатма Ганди и престој во Охрид. Поради официјалната посета, МВР воведе посебен сообраќаен режим во Скопје и Охрид и апелираше граѓаните да ги почитуваат насоките на полициските службеници.
The post Претседателката на Индија пристигна во официјална посета на Македонија appeared first on Прва Скопска ТВ.