Претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, синоќа пристигна во официјална посета на Македонија, а на скопскиот аеродром ја пречека министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Тој изјави дека посетата треба да ги потврди одличните билатерални односи и да даде нов поттик за политичката и економската соработка меѓу двете земји.

За време на посетата ќе се одржат средби со државниот врв, пленарен состанок на двете делегации и заедничка прес-конференција. Индиската претседателка ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев, ќе се обрати во Собранието и ќе присуствува на македонско-индиски бизнис форум.

Вториот ден од посетата е предвидена посета на Спомен-куќата на Мајка Тереза, откривање биста на Махатма Ганди и престој во Охрид. Поради официјалната посета, МВР воведе посебен сообраќаен режим во Скопје и Охрид и апелираше граѓаните да ги почитуваат насоките на полициските службеници.

The post Муцунски ја пречека претседателката на Индија, за денес и утре се предвидени бројни средби со македонскиот државен врв appeared first on Скопско ЕХО.