Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска во законодавниот дом ќе го презентира извештајот за својата двегодишна работа.

Како што информираат од собраниската прес-служба, презентацијата е закажана за 10 часот во салата „Борис Трајковски“.

Според најавената агенда, Гаши најпрво ќе го претстави извештајот за двегодишниот период од неговото раководење со Собранието, по што ќе следува видео-презентација и негово обраќање пред присутните.

The post Прес-конференција и видео-презентација за двегодишниот мандат на Гаши appeared first on Скопско ЕХО.