Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска во законодавниот дом ќе го презентира извештајот за својата двегодишна работа.
Како што информираат од собраниската прес-служба, презентацијата е закажана за 10 часот во салата „Борис Трајковски“.
Според најавената агенда, Гаши најпрво ќе го претстави извештајот за двегодишниот период од неговото раководење со Собранието, по што ќе следува видео-презентација и негово обраќање пред присутните.
The post Гаши денеска ќе го презентира двегодишниот извештај за работа во Собранието appeared first on Прва Скопска ТВ.