Жителите на дел од улицата „Борка Талевски“ во скопската општина Центар денеска ќе останат без вода поради дефект на водоводната мрежа.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот во водоснабдувањето е предизвикан од уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри, на крстосницата меѓу улиците „Борка Талевски“ и „Апостол Гусларот“.

Без вода ќе бидат корисниците на улицата „Борка Талевски“, на потегот од улицата „Ленинова“ до улицата „Рајко Жинзифов“, како и Основното општинско училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“.

Прекинот на водоснабдувањето ќе започне во 8:30 часот и ќе трае сè до целосното санирање на дефектот.

The post Прекин на водоснабдувањето во Центар: Без вода и ООУ „Песталоци“ appeared first on METRO.mk.