Од денеска до 26 јули во организација на Општина Чаир ќе се одржи првото издание на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“.
Под уметничко раководство на Инва Мула и Дешира Ахмети, фестивалот ќе понуди концерти на домашни и меѓународни уметници во Сули ан и Куршумли ан.
Градоначалникот Изет Меџити изјави дека целта е да се создаде нова културна традиција, да се промовира класичната музика и да се афирмира богатото наследство на Старата скопска чаршија.
Според коуметничкатадиректорка Дешира Ахмети, фестивалот има потенцијал да стане значајна регионална културна платформа што ќе ги поврзува уметниците, младите таленти и публиката.
The post Почнува Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“ во Старата скопска чаршија appeared first on Скопско ЕХО.