
Од 1 август поскапува парното во Скопје, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
За граѓаните кои се греат на парното со кое управува ЕСМ Снабдување цената се зголемува за 5,96%, за корисниците на ЕСМ Еенергетика или т.н железарско парно поскапувањето е 5,18%, а за корисниците на Енерго Еколог поранешно Скопје Север, цената се зголемува за 3,65%.
Според пресметките на РКЕ за просечен стан од 60 квадратни метри зголемувањето ќе биде 140 денари.
И со новите повисоки цени според директорот на РКЕ Ацо Ристов и натаму Скопје е со најниска цена на парното во регионот.
The post ПАРНОТО ПОСКАПУВА ЗА РЕЧИСИ 6% За стан од 60 квадрати сметката ќе биде повисока за 140 денари appeared first on plusinfo.mk.