
Зеленчукот е важен дел од балансираната исхрана, но некои видови се издвојуваат по високата концентрација на витамини, минерали и други корисни хранливи материи.
Затоа Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) спроведе истражување во кое рангираше повеќе од 40 видови овошје и зеленчук според нивната хранлива вредност. На самиот врв на листата се најде една намирница која освои совршени 100 поени.
Станува збор за поточарка, лиснат зелен зеленчук со вкус кој на листата ги надмина кинеската зелка, блитвата, листовите од цвекло и спанаќот на листата. Поточарката припаѓа на истото семејство растенија како зелката, кељот, ‘рдоквата и сенфот, пишува „Дејли експрес“.
„Поточарката има бројни здравствени придобивки. Богата е со витамин А и калиум, и тоа во поголеми количини од обичната зелена салата“, ги истакнала нејзините вредности д-р Ејми Ли, експертка за исхрана во компанијата „Нуцифик“.
Покрај тоа, содржи големи количини на витамин Ц и обезбедува калциум, железо, витамин Е, витамин К и витамин Б6.
Во истражувањето на ЦДЦ биле анализирани повеќе од 40 видови таканаречено „моќно овошје и зеленчук“, односно намирници што се поврзуваат со намалениот ризик од хронични болести. Истражувачите составиле листа врз основа на постоечката научна литература и упатства за исхрана, а потоа за секоја намирница пресметале оценка за густина на хранливите материи.
Поточарката лесно може да се вклучи во дневната исхрана.
Најчесто се комбинира во салати, сендвичи и тортилји, може да се додаде во смути или да се служи како додаток на супи и други јадења.
Истражувањето, исто така, покажало дека зелката и зелениот лиснат зеленчук се меѓу најдобро рангираните намирници, додека морковите, доматите, слаткиот компир, цитрусните овошја и бобинките главно се нашле во долната половина од листата.