По денешната ослободителна пресуда за Бојан Јовановски – Боки 13 во предметот „Меѓународен сојуз“, се огласи и неговиот адвокат Туфегџиќ, кој ја поздрави одлуката на Апелациониот суд Скопје.Тој истакна дека во образложението на пресудата, во делот што се однесува на суштинските факти, ги препознал аргументите што ги изнел во жалбата.„Нема поголемо задоволство и мотивација во професионалната кариера на адвокат кога во образложението на пресудата за суштината на решителните факти ги слуша своите ж