Напредокот на Македонија во евроинтеграциите зависи од исполнувањето на условот за уставни измени, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос, претставувајќи ги извештаите за земјите кандидати пред Европскиот парламент. Таа потврди дека Европската комисија е подготвена веднаш да го отвори првото преговарачко поглавје штом земјата го исполни условот утврден во 2022 година.Кос оцени дека Македонија покажала посветеност во спроведувањето на реформите од Реформската агенда, но очекува истата ре