Еврокомесарката за проширување Марта Кос денес, презентирајќи го извештајот на Европската комисија за напредокот на земјите-кандидатки пред Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент, порача дека Македонија покажа посветеност кон реформите за ЕУ во рамките на реформската агенда, но дека сега треба да покаже иста решителност и во напредувањето по европскиот пат.

„Условите се јасни: Северна Македонија треба да ја исполни обврската за спроведување на уставните измени, како што е наведено во заклучоците на Советот на ЕУ од 18 јули 2022 година. Европската комисија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Нашата цел останува отворањето на првиот кластер штом ќе се исполнат условите. Сега е на Северна Македонија да го стори тоа“, изјави денес еврокомесарката на прес-конференцијата.

Во меѓувреме, додаде таа, нотиран е прогрес во техничката работа на одредниците за отворање на кластерот 1.